Собрание 2012

Архива-линк

Make a Reservation

Send us a message with your desired room type, arrival date and number of nights you'd like to reserve, and we'll contact you in no time.

РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ 2019

Врз основа на член 383, 384 и 387 од Законот за трговските друштва, а во врска со член 22 од Статутот на „ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ“ АД - Охрид, Одборот на директори

 

О Б Ј А В У В А

 П   О   В   И   К

  

до акционерите за учество на

Собрание на

„ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ“ АД - Охрид

 

            Собранието ќе се одржи на ден 10.05.2019 година (петок), со почеток во ­­­­­11:00 часот, во седиштето на Друштвото (бизнис-сала), нас. Долно Коњско б.б., Охрид.

 

            За работата на седницата на Собранието, се предлага следниот:

 

 П Р Е Д Л О Г  Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

 

       I.    ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

-       Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери или нивни полномошници

-       Избор на Претседавач на Собранието

-       Избор на записничар (во согласност со член 383 став 3 од ЗТД записникот го води нотар)

-       Избор на бројачи на гласови

-       Усвојување на дневен ред по кој ќе работи  Собранието

 

 

    II.    РАБОТЕН ДЕЛ

 

 1. Разгледување и одобрување на Годишната сметка, финансиските извештаи ревидирани од овластен ревизор и Годишниот извештај за работењето на „ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ“ АД - Охрид за 2018 година, со предлог-одлуки;

- Одлука за усвојување на годишна сметка

- Одлука за усвојување на финансиските извештаи ревидирани од овластен ревизор

Одлука за усвојување на годишниот извештај за работењето

2. Донесување одлука за распределба-употреба на добивката за 2018 година со одлука;

3. Разгледување и одобрување на Извештајот поднесен од неизвршните членови на  Одборот на директори за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото за деловната 2018 година со одлука;

4. Расправа и одобрување на работата на членовите на Одборот на директори за начинот на водење на Друштвото, со одлука;

5. Донесување на Одлука за измена на Статутот, со одлука;

6. Донесување одлука за  избор на членови на Одборот на директори на Друштвото, со  одлука;

7. Донесување одлука за назначување овластен ревизор за вршење на ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2019 година, со одлука.

8. Донесување Одлука за откуп на сопствени акции, со oдлука

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собрaнието (пријава за учество на Собрание), најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се доставуваат до „ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ“ АД - Охрид, нас. Долно Коњско б.б., Охрид.

Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма (без обврска да го завери полномошното на нотар). Акционерот треба веднаш, по писмен пат, да го информира Друштвото за назначување свој полномошник на Собранието, преку Архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно, ќе се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.

За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање по точките на дневен ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.

Согласно законот за изменување и дополнување на Законот за превземање на акционерските друштва, полномошникот задолжително треба да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давање на полномошното/та од повеќе акционери, во рок од пет работни дена пред одржување на Собранието на акционери.

Обрасците за гласање преку полномошник се достапни за преземање на веб-страницата на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mk

      

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.

Гласањето на точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.

 

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат.

Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото. Oдговор нa поставените прашања се дава на самата седница или преку веб-страницата на Друштвото.

Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации во согласност со Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб-адреса на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mк

 

ОД бр. 02 – 184/6

04.04.2019 година

                                                                            

 

                                                                                                                        Одбор на директори

 

                                                                                                                       П р е т с е д а т е л

 

Предлог за членови на Одборот на директори на Хотели-Метропол А.Д. Охрид

Резултати од гласање