Основни податоци за капиталот и правата на акционерите

Акционерскиот капитал на ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ АД Охрид се состои од 1.035.000 обични акции. Обичните акции на ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ АД Охрид котираат и со нив се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза.

Акции на Хотели Метропол Охрид – Обични акции
Издавач – Хотели Метропол Охрид
Индустрија – туризам и угостителство
Број на издадени акции – 1.035.000
Номинална вредност по акција – 5 евра
Вкупен номинален капитал – 5.175.000 евра
Меѓународен идентификационен број
на акциите –ISIN – MKМPOL101016
Права на глас: едно право на глас по акција

Акциите согласно Законот за трговски друштва се слободно преносливи. Како акционери се сметаат сите лица запишани во акционерската книга, која согласно законската регулатива се води во Централниот депозитар за хартии од вредност. Акционерите по еднакви услови имаат еднаква положба во Друштвото. Секој акционер има право на глас во Собранието на Друштвото, право на исплата на делот од добивката во вид на дивиденда и во случај на стечај или ликвидација на Друштвото, дава право на сразмерно учество во поделбата на стечајната, односно ликвидационата маса.

Друштвото нема издадено акции кои не даваат право на глас, или акции со ограничено право на глас.
Друштвото има откупено 11876 сопствени акции.