Собранието ќе се одржи на ден 29.05.2024 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Друштвото (Бизнис-сала), нас. Долно Коњско б.б., Охрид.
За работата на седницата на Собранието, се предлага следниот:
– Верификација на списокот на пријавени и присутни учесници;
– Избор на Претседавач на Собранието;
– Записничар (записникот го води нотар);
– Избор на бројачи на гласови;
– Усвојување на дневниот ред.
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собрaнието (пријава за учество на Собрание), најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се доставуваат до „ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ АД Охрид“, нас.Долно Коњско б.б., Охрид.
Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма (без обврска да го завери полномошното на нотар). Акционерот треба веднаш, по писмен пат, да го информира Друштвото за назначување свој полномошник на Собранието, преку архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно, ќе се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.
За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото за која им важи полномошното.
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за превземање на акционерските друштва, полномошникот задолжително треба да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давање на полномошното/та од повеќе акционери, во рок од пет работни дена пред одржување на Собранието на акционери.
Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни за преземање на веб-страницата на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mk .
Акционерите можат да гласаат по точките од дневен ред и предложените одлуки по материјалите објавени заедно со повикот, со пополнување на образец за гласање со кореспонденција, кој е објавен на официјалната интернет страна на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mk .
Уредно пополнетиот образец за гласање со кореспонденција, акционерот треба да го достави во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме на законскиот застапник на акционерот правно лице.
Заедно со пополнетиот образец за гласање со кореспонденција, заради потребите на идентификација, секој акционер физичко лице е потребно да достави и копија од документ за идентификација (лична карта/патна исправа).
Заедно со пополнетиот образец за гласање со кореспонденција, заради потребите на идентификација, секој акционер правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состoјба за правното лице акционер и копија од документ за идентификација (лична карта/патна исправа) на законскиот застапник на правното лице.
Образецот во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „За Собрание на акционери“ мора да бидат примени во седиштето на Друштвото ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ АД Охрид, нас. Долно Коњско б.б., Охрид, најдоцна до 28.05.2024 година до 15:00 часот.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.
Гласањето на точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.
Во согласност со Законот за трговски друштва акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната веб-страница на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mk .
Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Собранието на акционери на Друштвото. Oдговор нa поставените прашања се дава на самата седница или преку веб-страницата на Друштвото.
Материјалите и документите подготвени за Собранието на акционери на Друштвото, како и дополнителните информации во согласност со Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб-страница на Друштвото www.metropol-ohrid.com.mk .
Одбор на директори
П р е т с е д а т е л
Метропол Хотели – Охрид
Населба Долно Коњско број 6000 Охрид – Р.С. Македонија
Тел.: +389 46 203 001
Тел.: +389 46 203 000
Тел.: +389 46 277 660
sales@metropol-ohrid.com.mk